ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
 

Странствувањето на Чајлд Харолд од Џорџ Гордон Бајрон


Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824)

Dzordz Gordon BajronЏорџ Гордон Бајрон,предвесник на англискиот книжевен романтизам,и со својот живот и со своето дело најдобро илустрира посебната личност на романтичарскиот бунтовник. Опшествените околности, семејните односи и неговата сложена природа го формирале неговиот карактер, единствен во светската книжевност. И со однесувањето и со поезијата прерасна во цело движење наречено бајронизам.
Потекнувал од едно од најугледните англиски лордовски семејства што веќе влегле во историјата на Англија. Но во времето на детството на Џорџ семејството Бајрон било осиромашено и поради тоа го загубил своето место во парламентот. Џорџ бил наречен ,,лорд сиромав" што несомненео вијаело врз формирањето на неговиот бунтовен дух, кој потоа се градел во делата на англиските прогресивни филозофи. Од друга страна, Бајрон бил необично убав, но куц на една нога што можело да ги предизвика кај него горчливите расположенија од кои ќе резултираат и неговото предизвикувачко однесување и склоноста на екцеси. До крајот на животот бил уверен дека му е судбински предодредена со раѓањеот зла коб. Иако грчовито се борел против против таа своја вообразена заблуда, во некои моменти сепак потсвесно му се предавал на злото. Знаел да биде благороден, човекољубив, желен за љубов и штедар во нејзинот возвраќање, но имал чести моменти на цинизам и одмаздољубивост.
Во раната младост пред да стане свесен дека е славен како поет, под диктат на противречностите во себе, предизвикувачки учествувал во скандали. Но од многу свои мани не се откажал ни кога станал богат и славен.
Бајрон е револуционер и со филозофијата, и со поезијата и со животот. Тој е еден од најугледните прокламатори на Француската револуција, но некако и поимот слобода го разбирал различно. Според него, за народот е слободата од потчинетоста кон други народи; за граѓаните- слободата од тиранијата на власта; за сиромасите и угнетените-ослободувањето од сиромаштијата.Меѓутоа за себе лично под слобода ја подразбирал целосната анархија и независноста од каков било закон. Своето слободарство го изразувал со учеството на двжење и бунтови чија цел била слободата. Таа љубов го одвела во Италија, каде што учествувал во револуционерната работа на тамошните патриоти. Истата голема духовна енергија го одвела меѓу грчките востаници и умрел од маларија.
Каков што бил во својата природа и во секојдневниот живот, Бајрон е таков и во својата поезија. Неговата силна природа го налагала оној книжевен облик во кој ќе се изрази слободно. Ја избрал поемата, дотогаш малку позната и недоволно негувана книжевна форма. А таа, со хармонијата на лирските и епските елементи, со просторот и за драмски ситуации, најмногу му одговарала на неговиот раскошен талент. Токму така настанале неговте најсилни дела кои речиси уште додека бил жив поетот станале сопственост на сите народи:,,Странствувањето на Чајлд Харолд", ,,Дон Жуан", ,,Абидонската свршеница", ,,Ѓаур", ,,Гусар", ,,Лаура", и др.
И тие дела, дури и со релативно ситни детали ја отсликуваат необичната личност на Бајрон. Јунаците од неговот книжевно дело се претежно негови современици. Во некои ликови можеле да се препознат постарите генерации негови современици, а во Чајлд Харолд генерацијата на Бајрон , па и самиот тој. Затоа некои негови лирски епови долго време биле допишувани. Првите пеења на ,, Дон Жуан" се напишани во 1818, третото, четвртото и петото во 1821, а поседните петнаесетото и шеснаесетото, во 1824 година. Така било и со Чајлд Харолд: првото пеење е испеано во 1809,а четвртото во 1818.

Нов поетски вид


Странсвувањето на Чајлд Харолд од англискиот романтичарски поет Џорџ Гордон Бајрон претставува нов оргинален поестки вид- поема, чиј творец е токму Бјарон. Поемата има епска основа : секогаш е засонава брз фабула или приказна. Меѓутоа , во начинот на обработка на деталите што ја сочинуваат содржината на таквото дело, доминираат лиризмот и субјактивноста. Во поемата и природата и ликовите се обработиваат лирски со многу емоционалност. Освен тоа, во поемата, по правило, се јавува поетот со своите лирски расположенија и размислувања за проблемите што ги мачат неговите јунаци и за однесувањето на јунаците. Со обединувањето на лирските и епските елементи во една поестска форма во стих , какава што е поемата бил добиен нов книжевен вид кој повеќе му одговарал на темпераментот на романтичарскиот поет во општата атмосфера што владеела во европското опшество во времето на романтизмот. Вистина, и пред појавувањето на Бајрон, и на неговите поеми, светската книжевност, и народната и уметничката, знаела за книжевни видови во кои се преплетувале епски и лирски елементи. Такви се, меѓу другите баладата и романсата. Но, Бајрон внел битно нов квалитет во својата лирско- епска творба, поемата. Освен изобилието на лиризам втакаен во епската основа, поемата има еден специфичен лик, самиот писател, присутен на повеќе начини. Поетот моќел слободно и директно да ги кажува своите мисли и чувства, но исто така можел да вгради и дел од својата биографија во биографијата на главниот јунак. Освен тоа, поемите на Бајрон што настанале под тоа влијание по правило се занимаваат со актуелните , пред сè опшествени, прашања на неговот време, па во врска со тоа и со актуелните етнички и социјални проблеми.

Европското опшество во процесот на буржоазиските револуции


Општото расположение во граѓанското опшество на почетокот на 19 век, кога настанале поголемиот дел од делата на Бајрон, било определено од двојното разочарување на човекот: разочарувањето од практичните резултати на буржоазиските револуции и од неодмерениот идеализам на просветителското учење што им претходел на тие револуции. Воспоставувајќи нови опшествени односи, младата граѓанска класа покажала колку е далеку од моделот на идеалното опшество како што го замислувале енциклопедистите. Таа класа навистина не можела да го уреди светот според идеите за слобода, еднаквост и братство меѓу луѓето, класите и народите. Поради тоа дошло до нов далекосежен класен конфликт, сега меѓу граѓанската класа, таканаречениот трет сталеж. Од една страна, и селанските и работничките маси од друга страна. Во такви околности, граѓанството се свртело кон нови идеали. Прокламираната просветителска суеверност на народот, овоплотена во учењето за републиката, била заменета со идеалите на буржоазиската монархија. Благородничките кралеви исчезнале; се појавиле еснафските кралеви. Кралот престанал да биде прв благородник што живее во центарот на одвоената разуздана благородничка класа. Сега, тој се појавува на улица, им ја стега раката на богатите бакали и се јавува како претставник на интересите на новата владејачка класа. Европските кралеви дури почнале да склучуваат меѓусебни сојузи и алијанси за одбрана на своите интереси и интересите на класите што ги претставувале тие.
Во такви околности човекот се почувствувал осамен и измамен. Губејќи ја верата во ветуваната еднаквост, правда и слобода, почнал да паѓа во разочараност и песимизам. Тоа општо духовно расположение станало основа на една психолошко-морална клима позната под името светска болка. Таа духовна клима и дала на уместноста нов тип на човек, и творец и книжевен јунак- горд индивидуалист. Крајниот субјективизам на разочараниот, а понекогаш и побунет човек, неговиот внатрешен свет или неговиот револт, често и револтирано бегство во осамаеност, стануваат и идеал на живеењето и литературна тематика на новата, романтичарската книжевност. Разочаран од социјалните стремежи во минатиот век и речиси без никакава вера во можноста да се воспостави опша слобда и правда, човекот почнал да мисли на себеси, небаре решил дека секој треба да мисли за својот страв, дека може да го гледа целиот свет со свои очи, без да се грижи за согласноста на своите погледи со погледите на околината. Тоа е првото обележје на романтизмот: тој е поетска претстава за стварноста, замена на стварноста со фантазија, субјактивен однос кон надворешниот свет, признавање на едно свое јас. Отфрлајќи го моралот на својата средина, барајќи целосна слобода и во животот и во уметничкото творење, уметникот од тоа време се свртува кон минатото, традицијата и природата. Го привлекуваат средниот век, минатот, егзотичните краишта, Далечен Исток, Индија. Таквиот тип уметник најмаракантно го престставува англискиот романтичарски поет Џорџ Гордон Бајрон, а неговиот јунак Чајлд Харолд е најкомплетниот и најтипичниот книжевен лик на западноевропскиот романтизам.

Чајл Харолд и Гордон Бајрон


Поемата Странсувањето на Чајлд Харолд има четири пеења. Првите две настанале во 1812 година, во времето на Бајроново патување низ Шпанија. Последните две пеења настанале две години подоцна. Главниот лик на поемата е лондонскиот аристократ Чајлд Харолд, млад човек, образован, хуман, но со црти на извесна гордост и ограниченост. Рано ги вкусил сите сласти на животот, го поминал како што вели,,долгиот лавиринт на гревот″, се наситил со емеферни задоволства, па кај него се јавила рамнодушност кон сè. Во светот со кој бил окружен, во Лондон, каде што е роден, веќе нема ни убавина ни задоволства што можат да ја возбудат неговата душа. Станува рамнодушен дури и кон сопствениот благороднички посед, спрема сопствената земја; ги раскинува односите со развратната лондонска аристократија, но не е способен во својот бунтовен револт да побара сојузник во масите. Харолд го бара спасот во бегството од буржоаската цивилизација и го наоѓа во природата и во средините што ја чуваат едноставноста на животот од далечното минато.
Бајроновата поема за необичниот јунак се преведува со турцизмот аџилак или со нашиот збор странствување, а и едниот и другиот имаат одредена религиозна асоцијација- патување во свети места. Меѓутоа Чајлд Харолд не е верски аџија, ниту е љубопитен турист. Она што е свето за аромантичен аџија ја бара неа во природата и меѓу народите што буржоаската цивилизација не ги расипала како што ја расипала неговата аристократска средина во Лондон. Определена подлабока мисловна врска во именката аџилак има и и мето на јунакот на Бајрон. Како општа именка чајлд значи штитоносец, знаменосец, оној што јава на коњ пред некоја група луѓе и пред себе го носи обележјето по кое можат да се познаат оние што одат по него. Според тоа и двете ознаки, аџилак и штитоносец укажуваат на значењето што му го определил Бајрон на својот јунак.
Странствувањето на Чајлд Харолд започнува со инвокацијата на античката Грција и на нејзините музи. Пеењето во прво лице, и тоа во форма на инвокација кога поетот им се обраќа на музите, претставува дамнешна традиција во поезијата.
Првото пеење го содржи описот на Харолдовото патување низ Португалија и Шпанија и евоцирањето на поблиското и подалечното минато на тие земји. Во оваа тематска делница на против ропството. Харлодовиот восхит од човековиот хероизам и згрозувањето пред насилството редовно ги придружуваат лирските медитации на Бајрон.
Во вториот дел на поемата поетот и Харолд се во Грција, а потоа во Албанија. И таму се оживува минатото, се тагува над лошата судбина на покорените народи и се повикува на борба против насилството. Иако поетот знае и да ги прекори потомците на старите и славни Грци поради тоа што толку многу трпат во ропството.
На почетокот на пеењето Бајрон зборува за себе. Во првата песна и се обраќа на својата ќерка што се викала Августина, но и се обраќа со Ада, со името на својата полусестра што многу ја сакал.
Во следните песни Бајрон зборува за себе, за својата решеност пак да ја напушти Англија, но за тоа дека и натаму ќе пее,, за некој скитник прогоненик на сопствената мрачна душа″.
Третото и четвртото пеење се напишани осум години по објавувањето на првото и второто, а за тоа време Бајрон Преживеал многу суровости на животот во борба против аристократската средина и во своите вилни и често каприциозни предизвикувања упатени кон неа. Затоа поетот, зборувајќи понатаму за себе, пее дека,, веќе остарел во овој живот на болката″, и дека неговите извори на животот се затвориле, но тој е сè уште готов да се храни,, со горчливо овошје, не обвинувајќи ја судбината″. Затоа патува со својот Харолд низ Белгија, по бреговите на Рајна, низ француските и швајцарските Алпи. Неговиот Харолд е воодушевен од убавините на планините, од бучавата на брановите и од чистата небесна синевина.
Четвртото пеење и е целосно посветено на Италија, но тука го нема Харолд, поетот зборува само од свое име. Италија ја престаставува со пеење за славното минато, што го сочинуваат античкиот Рим и ренесансната Италија со Данте, Петрарка, Бокачо, за неславните дни на Венецијанската Република, која најчесто ги поробувала соседните народи, а и за сегашното робување под туѓинец.
Италија е претставена или со сеќавањата на поетот за великаните на духот и умотна античкиот Рим и на хуманизмот и ренесансата или со непосредните описи на средби со нејзините луѓе, современици на поетот.
Навистина е тешко да се утври каде е границата меѓу Харолд и Бајрон во оваа поема- роман. Таква маркација овде немаат ни наводниците, зошто поетот и неговиот јунак се совпаѓаат со своето битие. Навистина, во предговотор кон првото и второто пеење, Бајрон методолошки повеќе се дистанцирал од Харолд нарекувајќи го,,измислена личност″.
Харолд е со аристократско потекло како и Бајрон, благородник од златен род и со славни предци. Харлодовата набожна почит кон стара Грција е идентична со Бајроновите симпатии кон херојските времиња на античкиот свет, кон негивиот ум и неговата уметност. Тагата на Бајрон поради несовршеноста и неправедноста на опшествениот поредок претставува трајно животно чувство на младиот Харолд. Пламените зборови за заштитата на обесправените, што Харолд толкупати ќе го изговори на своите патувања, можат да се најдат како мотиви и во безброј лирски песни на Џорџ Бајрон. Мислата дека вистинската човекова слобода може да се оствари само во пазувите на природата или меѓу дивите племиња што не ги нагризала буржоаската цивилизација претствува животен идеал на Чајлд Харолд и на Бајрон.
Харолд е готов да се жртвува за слободата на поробената Грција и Рим. Во поемата на Бајрон не го видовме Харолд како се бори заедно со Грчките востаници против Турците, но од биографијата на писателот знаеме дека творецот на Харолд навистина умрел како грчки востаник.
Неприродното соединување на аристократската гордост и демократските стремежи кон општата слобода, што го карактеризира Харолд, е една од битните карактеристики и на делото и на личноста на Бајрон. Романтичарскиот поим слобода, како што го сфаќа Бајрон е идеал за кој се залага и Чајлд Харолд. И за едниот и за другиот таа може да се оствари далеку од луѓето или барем меѓу луѓето до кои не допрела цивилизацијата на аристократскиот Лондон. Во нивното поимање на слободата не се присутни социјалните проблеми. Но, и покрај овие ограничености, Бајрон останува поет на слободата, проповедник на култот на гордата човекова личност, творец на борбената романтичарска поезија чии стихови го распламтувале гневот на порорбените поттикнувајќи ги на борба. Со вакви мисли и расположенија е жив и актуелен и денес.

Користена литература:


Прлози за наставата по литература.Странски автори и дела, приредил Раде Силјан, Матица, Скопје,2001
Стихови, Лорд Џорџ Гордон Бајрон, поговор Георги Сталев, Македонска книга, Култура, Наша книга, Мисла, Скопје, 1986

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD